| четврток, 6 декември 2018 |

„Суперхикс“ го прославува 21. роденден во клуб „Хавана“

Најразиграната  инструментална дружина „Суперхикс“ годинава го прославува својот 21. роденден.

Superhiks

По повод американското полнолетство, односно 21 година од постоењето на групата, момците од „Суперхикс“ за своите фанови на 10 јуни подготвуваат голема роденденска прослава насловена како „Голем клупски концерт за оптимисти“.

За роденденско славје е одбран клубот „Хавана“, местото каде што атмосферата е најтопла, а пивото најладно, а почетокот е во 22 часот.

Почетокот на „Суперхикс“ беше во 1993 година, а ја основаа тројца средношколски другари – Пеце, Кечо и Борис. Од гаражен бенд кој свири панк, успеаја да достигнат меѓународна слава и да ги забавуваат луѓето ширум светот со мелодичните и весели ска панк звуци.

За да ги почестат своите фанови, доделуваат 100 гратис албуми, за првите 100 купени влезници.

Влезниците може да се набават по претпродажна цена од 200 денари во „Кастм паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top