Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска ги осуди нападите на исламските екстремисти врз христијаните во земјата, истакнувајќи дека тоа е закана врз „вековното наследство“ на малцинската христијанска заедница во Ирак.
– Она што им го прави терористичката банда на нашите христијански сограѓани во провинцијата Ниневех и нивната агресија врз црквите, сведочи надвор од секакво сомнение за криминалот на екстремистите и терористичката природа на нивнат група, наведе Малики.
Изјавата на Малики уследи еден ден откако истече рокот кој исламистите од групата Исламска држава им го дадоа на христијаните во градот Мосул, кој е под контрола на исламистите, „да преминат во ислам или да платат со смрт“.
Мнозинството христијани одлучија да го напуштат Мосул и да преминат во блискиот регион кој го контролираат Курдите и курдските сили за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година
-
Американскиот генерал Роберт Нелер порача: Ќе има војна!