Германскиот фудбалер Андреас Береман изврши самоубиство во 33-година од животот откако повеќе години боледувал од депресија, соопшти тамошната фудбалска федерација.
Биерман е поранешен играч на второлигашките екипи Сент Паули и Унион Берлин, а последните сезони настапуваше за нисколигашот Шпандауер Кикерс 1975.
Позната е многуте телевизиски настапи во коишто ја промовираше својата книга „Црвениот картона за депресијата“ во која говореше за својата битка со оваа болест. Биерман и пред две години се обиде да се самоубие.
Во спортскиот свет во Германија досега најпознат случај на депресија беше на репрезентативецот и голман на Хановер, Роберт Енке, кој исто така патеше од тежок облик на депресија, а во 2009 година изврши самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.