| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина фудбалери на Шахтјор одбија да се вратат во Украина

Шест играчи на украинскиот фудбалски клуб Шахтјор одбија да се качат во авионот со кој екипата се врати во Доњецк по одигрување на пријателскиот натпревар со Олимпик Лион.

Како што јавуваат француските медиуми станува збор за петмина бразилски интернационалци во украинскиот тим, а се уште не се знае кој е шестиот фудбалер кој не се качил во авионот.

На „избеглиците“ им се изгубила трагата во Франција. Се претпоставува дека таквиот нивни потег е воената состојба која владее во Доњецк.

Се очекува шестината фудбалери да побараат раскин на договорот со Шахтјор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top