Проруските сепаратисти прават се што е во нивна моќ за да ги сокријат доказите дека малезискиот авион што падна во источна Украина, е соборен со руска ракета, изјави денеска портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност, Андреј Лисенко.
– Терористите прават се што е во нивна моќ за да ги сокријат доказите за вмешаноста на руска ракета во соборувањето на авионот – изјави Лисенко на прес-конференција во Киев.
Тој изјави дека сепаратистите со камиони ги однеле остатоците на авионот и дел од телата за загинатите, иако местот на несреќата не треба да биде допирано со цел експертите да можат да ги утврдат причините за падот на авионот.
– Терористите однеле 38 тела во регионалата болница во Доњецк. Ние не знаме каде ги однеле останатите тела – изјави Лисенко.
Врабпотени во локалната желзница во Доњецк, меѓутоа, денеска изјавија дека дестици тела на загинати при падот на авинот, во текот на минатата ноќ биле пренесени во вагони-фрижидери, кои се наоѓаат на една станица на 15 километри од местото на несреќата.
Властите во Киев веднаш за падот на малезискиот „Боинг 777“ ги обвинија проруските сепаратисти дека го собориле авионот, обвинувајќи ги за „терористички напад“ поради кој ќе треба да одговараат за „воени злосторства“ пред Меѓународниот суд во Хаг.
Сепаратистие на тоа возвратија со контраобвинување дека авионот го собориле украинските сили со ракета земја-воздух, нагласувајќи дека тие не распогаат со ракетно оружје кое може да погоди цел на 10 илјади метри, височина на која летал патничкиот авион. Во меѓу време, во Советот за безбедност на ОН се разгледува Предлог-резолуција, поднесена синоќа од Австралија, за „осуда на соборувањето“ на малезискиот авион во Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


