Холивудскиот актер Џејмс Гарнер почина вчера на 86-годишна возраст. Актерот бил пронајден мртов кога во саботата навечер во неговиот стан во Лос Анџелес. Причината за смртта сеуште не е позната.
Во својата долга актерска кариера, Гарнер бележи повеќе од 90 улоги во разни филмови. Сепак, најзапаметен ќе остане по улогата на стариот Дјук од популарниот „Нотес“ („Notebook“). Гарнер има бројни награди и една номинација за „Оскар“ за филмот „Романсата на Марфи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


