| четврток, 6 декември 2018 |

Стојковски: УКИМ не отвора оддел во Воден

UkimУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, досега ниту иницирал, ниту разгледувал идеја за отворање свој оддел во Воден, Грција, вели за МИА ректорот на скопскиот универзитет Велимир Стојковски.

Грчкиот весник „Димократија“ деновиве пишуваше дека претставници на универзитетот „Кирил и Методиј“ ја посетиле општината Пела и ја разгледувале можноста да отворат анекс на скопскиот универзитет во пограничниот град. Со обвинување дека „скопјаните се обидуваат да стават нога и во грчкото високо образование“,  весникот тврди дека македонската страна „на овој план се уште работи тајно“ и сака да го спроведе во рамки на проекти на Европската унија за прегругранична соработка. Информациите за отворање на оддел на универитетот „Кириј и Методиј“ во Воден за „Димократија“, наводно, ги потврдиле и претставници на локалните власти.

–  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има добра соработка со четири универзитети во Република Грција, а моментално се работат пет заедничи научно-истражувачки прокти од повеќе научни области финансирани од ЕУ, со вкупна вредност од 330.000 евра, изјави ректорот Стојковски.

Тој додаде дека тоа е добар начин и пример за соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, како и за соработка меѓу македонските и грчките универзитети како дел од единствениот заеднички европски високообразовен и истражувачки простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top