| четврток, 6 декември 2018 |

Го фатил како му го силува синчето – манијакот сега изгледа вака (ФОТО)

article-2697700-1FC4D9FB00000578-64_634x612

– Направив од него крвава дамка. Дојдете и викнете Брза помош, ќе му треба – со овие зборови полицијата ја повикал 35-годишниот татко кој тврди дека 18-годишниот Рејмонд Фролендер го затекнал како сексуално го злоставува неговиот 11-годишен син, и тоа во неговата сопствена куќа во Дејтона Бич во САД, пренесува „Дејли мејл“.

Кога пристигнале, полицајците го нашле Фолендер на подот, без свест и претепан до непрепознатливост. На прашањето дали употребил некакво оружје, гневниот татко одговорил – моето стапало и мојата тупаница.

 

Таткото тврди дека кога околу 13 часот попладне се вратил од работа дома за да земе нешто за јадење, слушнал необични звуци од спалната соба, и таму го начекал Фролендер со спуштени панталони, во сексуален чин со своето 11-годишно дете.

article-2697700-1FC5F9CE00000578-108_634x550

Момчето има среќа што верувам во Бог, инаку ќе го убиев – изјавил тој, видно потресен.

Момчето за време на истрагата раскажало дека попладнето со другари играл видео игри, а, кога сите останати си заминале, Фролендер го одвлекол во спалната соба и сексуално го малтретирал, како што повремено правел веќе три години.

Тој на момчето му се заканувал дека доколку некому каже што му направил дека нешто страшно ќе му се случи. Нешто страшно и се случило, но на самиот Фролендер. Откако гневниот татко го претепал, тој бил уапсен без право на кауција и бил обвинет за сексуално малтретирање на дете помладо од 12 години, откако претходно му била пружена лекарска помош.

 Тој признал сѐ за што бил обвинет, а сега му претстојат судење и, најверојатно, строга казна.

Таткото не е обвинет за ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top