| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка од свадба заврши на болница

Дежурниот медицински персонал  во Градската општа болница „8-ми септември” бил изненаден кога половина сватови директно од свадба дошле во амбулантата на преглед, дознава „Здравсрво24“ од извори во болницата.

Повредена била гостинка на свадба во скопски ресторан. Останатите само и правеле друштво. Од долгото играње на орото тесните штикли на сваќата и направиле хематом на палецот на ногата. Не можела да оди. Иако проблемот на пациентката не бил сериозен таа сепак со останатите околу 20-тина сватови останале да чекаат на ред за преглед во истата чекална со други тешко болни.

По шокот од првата глетка на многу луѓе од свадба во чекалната, дежурните во болницата откако дознале што е проблемот и го прегледале и преврзале прстот на ногата и ја советувале девојката повеќе да не носи тесни чевли. Вакви несекојдневни интервенции често им прават проблем на лекарите во дежурните служби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top