| четврток, 6 декември 2018 |

Питбул спасил глуво момче од запалена куќа (ФОТО)

Кучето по име Ејс стана вистински херој откако го спасил својот сопственик од пожарот што ја зафатил нивната куќа, пренесува „Индианаполис стар“.

495613_decak-pitbul_f

Ник Ламб (13) спиел сам во својата куќа во Индианаполис и не бил свесен за пожарот. Момчето не можело ништо да слушне бидејќи е глуво и спиело без апаратот за слушање.

Питбулот влегол во собата во која спиел Ник и почнал да го лиже по лицето и да го турка се додека тој не разбудил и сфатил дека куќата е полна со чад.

Кога момчето сватило дека куќата се запалила ги покрило носот и устата со маица и заедно со кучето успеале да излезат надвор.

– Ми го спаси животот. Сега го сакам уште повеќе – вели Ник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top