| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Варваризмот на Израел е полош од оној на Хитлер

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денес го обвинил  Израел, поради копнената офанзива во појасот Газа, за „варваризам кој го надминува тој на Хитлер“.

Тој го обвинил Израел за непропорционална употреба на сила во Газа и истакнал дека операциите на израелската војска ги спречиле напорите за нормализација на односите меѓу Турција и Израел.

Односите меѓу двете земји се влошени по нападите на израелските командоси врз конвој кој носеше помош во Газа во 2010 година.

Ердоган, кој веќе неколку пати го критикуваше Израел поради офанзивата во појасот Газа за време на која беа убиени над 300 Палестинци, денес зборувал на предизборен собир во црноморскиот град Орду.

Во изминатите неколку дена беа организирани и протести пред израелските дипломатски претставништва во Анкара и Истанбул, а нови се закажани за ноќеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top