| четврток, 6 декември 2018 |

„Ил Феномено“ е задоволен од трансферите во Реал Мадрид

ronaldo

Поранешниот напаѓач на кралскиот клуб Бразилецот Роналдо му честиташе на својот поранешен клуб што го доведе во своите редови во овој преоден рок најдобриот играч на светското првенство.
Според мислењето на легендарниот поранешен најдобар играч на светот, Германецот Тони Крос бил најдобар играч на последниот мундијал што се одигра во неговата земја.

– Браво, го доведовте најдобриот играч на светското првенство – напиша Роналдо, обраќајќи се до другарите кои навиваат за Реал Мадрид.

toni kros

Интересно е што Роналдо беше најдобар стрелец на светското првенство 2002 година во Јапонија и Јужна Кореа со осум погодоци и ја освои титулата, но не беше прогласен за најдобар играч. Тој направи трансфер кај кралевите веднаш по светското првенство, нешто слично како Тони Крос.
Крос е деветтиот Германец кој ќе настапува за Реал Мадрид во историјата на клубот.
Пред него тоа го сториле Гинтер Нецер, Пол Брајтнер, Ули Штилике, Бернд Шустер, Бодо Илгнер, Кристоф Мецелдер, Месут Озил и Сами Кедира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top