| четврток, 6 декември 2018 |

Мик Џегер првпат јавно проговори по смртта на неговата партнерка

Мик Џегер, се согласил да даде интервју првпат по смртта на неговата девојка Лврен Скот.  После повеќе од четири месеци откако Лврен се самоуби, пејачот на „Ролонг Стоунс“ вели дека за него ова бил најтешкиот период во животот.

mik dzeger

После четири месеци, Мик Џегер се појави на телевизија и учествувал во емисија. Целта е промоцијата на неговиот филм за Џејмс Браун, но гостувањето не можело да помине без спомнувањето на починатата Лврен Скот.

На прашањето на водителот како се држи овие месеци тој кажал:

„Сега сум во ред. Многу тежок период за мене, но успеав да се вратам на турнејата на „Ролинг Стоунс“ ѝ да се посветам на други работи, вклучувајќи и правење на добар филм.“

Тој изјавил дека најголема поддршка во болните моменти добива од пријателите и семејството, кои многу му помогнале.

Џегер и Скот беа во врска 13 години, а живееја во заеднички стан на Менхетен во кој од непознати причини таа си го одзеде живтот во март годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top