| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските активисти негираат дека уништуваат докази од урнатиот авион

Проруските активисти денеска ги отфрлија обвинувањата на Владата во Киев дека се обидуваат да ги уништат доказите на местото на падот на малезискиот авион во источна Украина.

rt_malaysia_plane_4_kb_140717_16x9_992

Лидерот на активистите од Доњецк, Александар Бородај изјави дека „не чепкале“ на местото каде се урна авионот, отфрлајќи ги тврдењата на Киев дека „терористите, со помош на Русија, се обидуваат да уништат докази за меѓународно злосторство“.

Бородај ги офрли и обвинувњата за премествање на тела на загинатите, но нагласи дека ако продолжи да се одолговлекува почетокот на меѓународната истрага за несреќата, сепаратиситте ќе бидат приморани да ги преместат телата бидејќи поради топлото време тие веќе почнале да се распаѓаат.

– Ако одлагањето проодлжи, го задржуваме правото да ги однесеме телата. Ја молиме Руската Федерација да ни помогне да се справиме со овој проблем и да испрати експерти, рече Бородај.

Тој воедно ги обвини украинките власти дека не се заинтересирани за објективна истрага за падот на авионот, па затоа и го одологовлекуваат почетокот на истражната постапка.

Бородој ги негираше и тврдењата на шефот на украинската служба за безбедност Валентин Наливајченко дека украинските и проруските сили се договориле за формирање безбедносна зона околу местото на кое се урна авионот.

Во врска со тврдењето на портпаролот на Советот за безбедност на Украина, Андриј Лисенко дека „црните“ кутии од малезискиот „боинг 777“ се уште не му се предадени на Киев, Бородај изјави дека сепаратистите досега не ги ни пронашле.

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека „црните“ кутии од авионт биле пронајдени.

Инаку, во Киев денеска пристигнаа група експерти од Малезија  со цел да обезбедат помош во истрагата за падот на авионот на „Малезијан ерлајнс“, при чие уривање во четвртокот загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top