| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Јулијана Авдеева со Македонската филхармонија

20120814071144Yulianna Avdeeva - mala

Победничката на еден од најпрестижните конкурси во светот  -„Шопен“ во Варшава, пијанистката Јулијана Авдеева, вечерва во 20 часот во Домот на АРМ ќе настапи со Македонската филхармонија.

По нејзината победа на натпреварот и настапите во најзначајните музички центри, Авдеева доаѓа во Скопје да исполни две значајни дела од литературата за пијано: Симфониските варијации од францускиот композитор Цезар Франк и ремек-делото на романтичниот репертоар – Kонцертот за пијано и оркестар бр. 2 од Фредерик Шопен.

Оркестарот ќе го води Гвидо Јоханес Румштад од Германија, шеф-диригент и музички директор на Операта во Нирнберг. Под негово водство оркестарот ќе ги изведе и „Зигурати“ на македонскиот композитор Вања Николовски-Ѓумар, а премиерно во Македонија и симфониската свита „Пелеас и Мелисанда“ од Габриел Форе. Ова е прв концерт од циклусот „Лауреати“ оваа концертна сезона.

Авдеева е прва жена-победник на натпреварот „Шопен“ по пауза од 45 години. По добивањето на оваа престижна награда, таа настапува со Њујоршката филхармонија и Алан Гилберт во Варшава и во Њујорк и со симфонискиот оркестар НХK и Шарл Дитуа во Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top