Членовите на контакт групата, вклучувајќи ги Украина, Русија и ОБСЕ, се договорија со проруските сепаратисти за создавање зона на безбедност околу местото каде што се урна малезискиот авион, соопшти шефот на украинските служби за безбедност Валериј Наливајченко.
– Разговорите со сепаратистите доведоа до создаване 20-километарска зона за безбедност, за да може Украина да ја исполни главната задача – да ги идентификува телата и да ги врати на семејствата, рече тој.
Иследници и меѓународни набљудувачи пристигнуваат денеска во Киев со надеж дека ќе можат да дојдат до местото на несреќата во реонот контролиран од сепратистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.