| четврток, 6 декември 2018 |

Владата во Киев ги обвинува проруските сили за уништување докази

rt_malaysia_plane_3_kb_140717_4x3_992

Владата во Киев ги обвини денеска проруските сили во источна Украина дека се обидуваат да ги уништат доказите на местото на падот на малезискиот авион, како и за носење на 38 тела од местото.

– Владата на Украина официјално тврди дека терористи, со помош на Русија, се обидуваат да ги уништат доказите на меѓународните злосторства, наведено е во денешното соопштение на украинската Влада.

Украинските и проруските сили, инаку, се согласија на формирање безбедна зона околу местото кде што се урна авионот, кој најверојатно е соборен, изјави денеска шефот на украинската служба за безбедност Валентин Наливајченко.

Група експерти од Малезија пристигна денеска во Киев за да обезбеди помош во истрагата за боингот на малезиската компанија „Малезиан ерлајнс“ со 298 патници и членови на екипажот на територијата на источна Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top