| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот 17 виновен за несреќата на малезискиот авион

Малезискиот авион кој е соборен пред два дена во Украина предизвика големо внимание во светот. Веќе почнаа да се појавуваат теории за заговор, меѓу кои дека бројот 17 е фатален за овој авион.

rt_malaysia_plane_4_kb_140717_16x9_992

Малезискиот МH-17 го сврте вниманието на јавноста, теоретичарите, но и нумеролозите. Во морето на теории на заговор кои се појавија, почнувајќи од тоа дека во него се наоѓале 100 експерти кои имале лек за СИДА, се појави и таа која вели дека бројот 17 е одговорен за несреќата.

brojkiiiiii500

Имено, самиот број 17 е името на леталото кое од Амстердам за Куала Лумпур полета на седумнаесетиот ден од седмиот месец.

Бројките може немало да предизвикаат толку внимание доколку првиот лет на овој авион не се случил на 17-јули 1997 година, пред точно 17 години.

Уште една занимливост е дека авионот исчезнал од радарот околу 17 часот и 15 минути по локално време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top