Убави, забавни, згодни и неверојатно талентираните сестри Тијана и Тамара ја кренаа огромната публика на нозе, на својот вечерашен настап на прилепскиот Пивофест.
Тие ги изведоа своите најголеми хитови, на големо задоволство на љубителите на пиво од Македонија и регионот. Во една одлична комбинација на своите хитови покажаа дека се забавуваат и тие, а не само публиката.
Во свој стил, тие направија одлична забава, атмосферата ја подигнаа на највиоско ниво и со тоа втората вечер на Пивофест 2014-та беше отворена на спектакуларен начин.
Веднаш по нив настапи најголемиот шоумен од Македонија, Игор Џамбазов. Очекувано, приреди одлична забава за своите фанови со песни од пред десетици години и новите хитови.
Публиката во огромен број громогласно го поздрави човекот чии песни ги сакаат сите генерации. Деца и нивните родители, оние кои растеле со неговите песни и оние кои се уште ги помнат првите негови хитови.
Песните на Владо Јаневски се слушаа низ целиот град под Марковите кули.
И покрај своите години, пејачот се уште важи за голем шармер.
Фото: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.