
Малезиската авио-компанија соопшти дека е утврдена националноста на повеќето настрадани во падот на авионот МХ17, додека идентитетот на четворица, од вкупно 298 патници и членови на екипажот, не е познат.
– Во авионот биле 189 државјани на Холандија, 29 на Малезија, 27 на Австралија, 12 на Индонезија, девет на Велика Британија, четворица на Германија, четворица на Белгија, тројца на Филипини и по еден од Канада и од Нов Зеланд, соопшти директорот на компанијата за Европа Хиб Гортер, додавајќи дека засега не е познат идентитетот на четири лица.
На конференцијата за печатот Гортер уште рече дека пред падот, авионот нормално летал. Според него, контактот со авионот е изгубен во 16.15 минути по средноевропско време. Компанијата планира да ги одведе членовите на семејството на местото на несреќата, но засега таа можност се уште се испитува, појасни Гортер.
Според неговите најави, „Малезијан ерлајнс“ ќе плати по 5.000 долари по патник за роднините за нивните трошоци додека чекаат вести во хотел во Амстердам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


