| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Роналдо сакала да го абортира!

cristiano-ronaldo-438-family3
Долорес Авеиро, мајка на моментно најдобриот фудбалер во светот, португалскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, во својата книга признала дека размислувала за абортус.
Во својата неодамна објавена автобиографија „Мајчина храброст: живот, сила и верба на една воинка“, мајката на Роналдо открила дека пред да стане богата, поминувала низ многу тешки периоди. Во еден момент, додека била бремена со Роналдо, посакала и размислувала за абортус, најмногу поради финансиски проблеми.

– Да добиеш четврто, непланирано дете претставуваше проблем за нашата тешка финансиска состојба во која се наоѓаше нашето семејство – открила Долорес.

Кога таа го замолила докторот да изврши абортус, тој одбил.

– Имаш само 30 години и ниту една причина зошто не би го родила ова дете. Тоа дете ќе биде радост во куќата – рекол тогаш докторот.

Долорс тоа не го прифатила, па решила дома да се обиде да абортира, но тоа не и успеало. На крајот, сепак, го родила Роналдо.

Останатото е историја, а Роналдо денес е најдбар фудбалер на светот.

Автобиографијата на неговата мајка се продава во Португалија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top