| четврток, 6 декември 2018 |

Центар не гласаше за ДУП за „Мал ринг“, точката повлечена од дневен ред

sipоvic (Custom)

На денешната, 23. седница на Советот на општина Центар, градоначалникот Андреј Жерновски, истакна дека нема основа ДУП-овите за „Тасино чешмиче“ да бидат поставени на дневен ред бидејќи, како што тврдеше, биле доставени надвор од сите законски рокови, наместо по 15 дена, барањето било доставено од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ дури по 10 месеци.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илијовски, рече дека законските рокови не биле испочитувани од страна на градоначалникот Жерновски, кој имал обврска да ги стави ДУП-овите на повторно разгледување во рок од 15 дена.

Илијовски, како прв подносител на барањето за ДУП-овите, ја повлече 15. точка од дневниот ред, што се однесува на локалитетот „Мал ринг“.

andrej zernovski sipоvic 06 (Custom)

– Роковите не ги прибив ниту јас како прв предлагач ниту советниците од ВМРО-ДПМНЕ, туку градоначалникот бидејќи за него важат роковите, да ги стави ДУП-овите во рок од 15 дена повторно да бидат разгледани на Советот на општина Центар – посочи Илијовски.

Тој појасни дека во вска со ДУП-от за „Тасино чешмиче“ не се работи за нов ДУП, кој не е во согласност со ГУП-от, туку дека се работи за имена и за дополнување на постојниот ДУП.

opstina centar sdsm (Custom)

– Вие, градоначалник, имавте можност да ги ставите ДУП-овите на дневен ред, но не ги ставивте, тие беа ставени само еднаш во редовна процедура на која не беа донесени. Вие имавте обврска повторно да ги ставивте, ние не добивме иницијаива од ваша страна да се стават уште еднаш на гласање од ноември 2013 година, па досега како што налага законот – додаде Илијовски.

Фото: А. Ивановски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top