Денеска на протестите кај Бит-пазар излегоа многу помалку демонстранти за разлика од минатата недела. Али вазали, марш на слободата, стоп на политичкото сценарио, правда за сите, измислени докази, измислени мотиви, се дел од транспарентите што демонстрантите ги носат со себе. Се веат албански знамиња, а организаторот посочува дека преку овој марш продолжуваат да го креваат гласот против, како што нагласуваат, политички монтираниот процес „Монструм“.
Бараат да се објави „невиноста на нивните роднини, нивно итно ослободување и нивно обесштетување“.
Покрај тоа, бараат и ослободување на сите приведени лица кои на протестите пред две недели кршеа на Бит-пазар, фрлаа со камења кон судот, полицијата, новинарите.
Насобраната група се разотиде, протестот по дадената изјава од организаторот заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


