Поради нарушување на безбедносната состојба, ракетните напади од појасот Газа кон делови на Израел и операцијата на израелската војска која е во тек, македонското Министерство за надворешни работи им препорачува на граѓаните на
Република Македонија да се воздржат од патување во подрачјата во близина на 50 километри од појасот Газа.
– Со оглед на сигналите за воздушна опасност во Тел Авив и Ерусалим, им препорачуваме на нашите граѓани зголемена претпазливост, претходно информирање и стриктно придржување до упатствата и инструкциите на локалните власти. Исто така се препорачува внимателност при задржување на места со поголема концентрација на луѓе, се наведува во соопштението од МНР.
Поради воените дејствија во Сирија се препорачува претпазливост и при патување во пограничните делови на Израел кон границата со Сирија и Либан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.