| четврток, 6 декември 2018 |

Овој човек е првоосомничен за уривање на малезискиот авион

strelkov

Лидерот на проруските сили Игор Гиркин, алијас Игор Стрелков, воедно и самопрогласен министер за одбрана на Донецк и Луганск, односно новата република Новорусија, на својот профил на VB.com  (руска верзија на ФБ), во моментот кога го собориле авионот, напишал: „Ве предупредивме – не летајте над нашето небо“.

Мислејќи дека е украински транспортен авион, тој додал „авион само што беше соборен некаде во областа на Торез, падне и лежи некаде зад линијата на прогрес. Птицата падна како камен од небото, но далеку од куќите на слободољубивиот народ кој живее на нашата слободна земја“.

strelkov 2

Како и да е, Стрелков го избришал својот пост во моментот кога се дозна дека, всушност, авионот кој паднал бил патнички авион на „Малезија ерлајнс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top