| четврток, 6 декември 2018 |

Расте притисокот кон Леброн Џејмс, навивачите сакаат „кралот“ да забива на Ол-стар викенд (видео)

Расте притискот кон Леброн Џејмс и навивачите сакаат „кралот“ да биде учесник во натпреварот на забивање на следниот Ол-стар викенд. Причината е едноставна, Ел-Џеј е страшно атрактивен забивач, а тоа го презентира на загревањата пред стартот на натпреварите. Досега, кошаркарот на Мајами хит нема настап во оваа категорија на Ол-стар викендите, но не е невозможно, тој барем еднаш да биде дел од атрактивната програма.

На шега во НБА велат, дека неговото присуство ќе биде опасно, и ако се пријави сите останати ќе се откажат. Во реалноста се повеќе се говори, дека челниците на НБА ќе побараат Леброн да биде дел од најтрактивните забивачи на Ол-стар собирот, веќе во следното издание, во февруари 2014 година. А дека има моќен одраз и страшно добар стил на забивање, потврда се двете последни атракции, што Џејмс им ги приреди на НБА фановите, на загревањето. Погледнете за што станува збор.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top