| четврток, 6 декември 2018 |

Драматичен пад на акциите на „Малезија ерлајнс“

malezija-avion-1

По уривањето на малезискиот авион на територијата на Украина, акциите на компанијата „Малезија ерлајнс“ денеска загубија 17,8 отсто од вредноста.

Сличен пад на вредноста на акциите малезискиот национален превозник забележи и по исчезнувањето на неговиот авион што на 8 март леташе на рутата од Куала Лумпур кон Пекинг. Компанијата во април и мај успеа, делумно,  да ја поврати довербата на акционерите, но со сегашниот пад, акциите на „Малезија ерлајнс“ се 32 отсто поевтини од почетокот на годинава.

Компанијата располагаше со 114 авиони, од кои 14 беа од типот „боинг 777“. Од овој релативно постар тип беа и двата уништени авиони. Малезиската авиокомпанија сега има најмногу авиони од типот „ербас“ и „боинг 737“ од најновата генерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top