Специјалисти од Нов Зеланд анкетирале 1000 лица и утврдиле дека колку повеќе партнери имале во кревет, толку повеќе пијат. Ризикот од зависност кон алкохолни пијалоци или други забранети супстанции е особено голем кај претставничките на понежниот пол.
Истражувањето покажува дека жените кои имале повеќе од три интимни партнери на 20-годишна возраст пијат многу повеќе од девојките кои имале секс само со еден маж. Опасноста од злоупотреба на дрога и алкохол кај жените со повеќе сексуални партенри е 10 пати поголема, предупредуваат експертите.
Анкетата покажала дека 24% од жените на возраст меѓу 20 и 24 години имале двајца или повеќе партнери во последната година. Кај мажите бројката е 29%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



