| четврток, 6 декември 2018 |

Хелоу Кити го слави 40. роденден

hello_kitty_large_banner_2013

Хелоу Кити, која ја дизајнираше Јапонката Јуко Шимизу, како бела мачка со црвена панделка, оваа година го прославува 40. роденден.

Како лик првпат се појави на паричник во Јапонија 1974 година, а во САД две години подоцна.

Јапонската стилистка, која се грижи за судбината на славната Хелоу Кити, со гордост зборува за „своето девојче“.

– Имаме веќе три генерации обожавателки на Хелоу Кити и се надевам дека и во иднина ќе ги има уште повеќе бидејќи сите нив ги чувстувам како членови на семејството – изјави стилистката Јуко Јамагучи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top