
Шекспировата „Многу врева за ништо“ на Театар Комедија вечерва е на „Охридско лето. Оваа претстава ја имаше премиерата на меѓународниот фестивал на комедија „Гола месечина“ и ова е втора изведба. Режисерот Дејан Пројковски за вечерашната претстава рече дека отвора прашања за театарот и животот, за животот и сонот, за играта и реалноста, отварање прашања што поединецот ги носи во себе.
– Благодарение на прекрасната екипа создадовме храбра и радикална шекспирова претстава, поставка што се поигрува со жанровите. Од комедија како форма кон трагедија, за преку гротеска повторно да се врати кон комичното. Она што е база на претставата е сепак актерската игра, која бара голем актерски напор и психофизичка подготвеност, способност за трансформирање на актерите во тие жанровски премини – изјави режисерот Пројковски.
Директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, истакна дека во последната претстава доаѓаат до израз индивидуалните вештини на самите уметници, не само да глумат, туку и да пеат, танцуваат на сцената. За режисерската поставка на Пројковски, таа посочи дека тоа е само уште една потврда на неговите способности да создаде претстави што се малку повеќе од театарот.
– Овој Шекспир не го облековме, туку себеси се втурнавме во него, во некаков обратен процес кој навистина има ефект – рече таа.
Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


