| четврток, 6 декември 2018 |

Активистка за правата на Македонците во Грција под закани

По посетата на САД и на Канада, каде зборуваше за дискриминацијата против Македонците во Грција, Евгенија Нацилиду, активистка за правата на Македонците и претставник на Обединетата македонска дијаспора за Грција се соочува со медиумски притисок и закани

evgenijaНацилиду деновиве поднесе тужба против грчкиот неделен таблоид Прото Тема поради текстот објавен во декември во кој таа е обвинета дека со валкани пари води иредентистичка пропаганда против Грција. Нацилиду, која е коосновач на македонскиот културен центар во Воден, во текстот се прозива поради нејзините изјави и коментари во САД и во Канада, каде со повеќе други учесници таа зборуваше за постоењето на македонска, албанска и турска заедница во Грција. Прото Тема ги повикува грчките служби за истражување на финансиски криминал да го испитаат работењето на Нацилиду.

Нацилиду добила и смртни закани преку социјалните мрежи поради нејзината активност за правата на Македонците. Таа вели дека и културните активности во центарот во Воден се под притисок, откако при крајот на ноември грчки новинар влегол за време на час по танцување и почнал да ги фотографира сите присутни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top