Kаролина, Калиопи, Бени Шакири, Брејк, Весна Петрушевска, Гаро Тавитјан, Франц, Кристина Арнаудова, Слаткар… беа само дел од јавните личности што вчера дојдоа на Градските гробишта „Бутел“ за да се збогуваат со нивниот пријател и другар Даниел Милошески од „Авалон продукција“ и да му изразат сочувство на семејството. Неверување, мачнина во душите и солзи во очите, никој не можеше да поверува дека дотука му било чкртнато на нивниот Данче, како што го нарекуваа пријателите, пишува Вечер. За 44 години живот остави многу дела зад себе, но, за жал, замина кога најмногу ѝ требаше на домашната менаџерска сцена и на семејството, а особено на сопругата Наде и на ќерките Даниела и Дарија. Срцевиот удар стави крај на сите негови планови за уште многу професионални и приватни успеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!




