Наесен се очекува отворање на нова современа резиденција за возрасни лица, која ќе биде изградена според стандарди на ЕУ и ќе го носи името резиденција „Дабески“.
Скопје и Македонија по подолг временски период добиваат нов холистички центар чија основна дејност е вдомување возрасни лица со целосна грижа за живот и делување.
– Основна цел на резиденција „Дабески“ ќе биде грижа и разубавување на пензионерските денови на возрасните лица. Резиденцијата е замислено да работи на еден поинаков начин од останатите институции од ваков вид и затоа за нашите станари подготвуваме богата културно-социолошка програма. Центарот ќе биде целосно опремен според сите стандарди кои се потребни за удобен и здрав живот – вели Даниела Дабеска, сопственичка на резиденција „Дабески“.
Станарите во оваа резиденција ќе уживаат во секојдневната богата програма за рекреација, а на располагање ќе го имаат и стручниот и професионален тим на „Дабески“.
Резиденцијата „Дабески“, која е во завршна фаза од својата изградба, е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само 8 км од плоштад „Македонија“. Целиот објект е опкружен со прекрасна природа која на жителите на „Дабески“ дополнително ќе им ги разубави пензионерските денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


