| четврток, 6 декември 2018 |

Трипати поголем раст на бројот на патници на „ТАВ Македонија“ од европскиот просек

тав

„Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“, двата аеродрома менаџирани од „ТАВ Македонија“ и во првата половина од 2014 година продолжуваат со стабилниот раст на бројот на патници. Од јануари до јуни домашните авиопристаништа ги користеле 559.779 патници што е зголемување од 18.5 отсто споредено со истиот период лани, кога нивниот број беше 472.536.

– Додека во Европа порастот на бројот на патници е помеѓу пет и шест проценти, македонските аеродроми во првите шест месеци од годината остварија зголемување што е трипати поголемо. „Визер“ отвори своја база на скопскиот аеродром и со два авиона почна да лета до нови дестинации како Париз, Франкфурт, Брисел и Келн. Исто така, „Алиталија“ потворно ја отвори директната линија од Рим до Скопје. Од почетокот на годината до сега топ пет дестинации се Истанбул, Цирих, Виена, Лондон и Малме – истакнува Зоран Крстевски, генерален менаџер на „ТАВ Македонија“.

И покрај тоа што летото почна неодамна, земјата покажува дека е навистина популарен избор помеѓу патниците. Во јуни минатата година услугите на македонските аеродроми беа искористени од 107.178 патници додека во јуни 2014 оваа статистичка категорија достигна 126.430 што е подобрување за 18 отсто.

– Како резултат на директните летови до многу дестинации од Скопскиот аеродром, бројот на патници, не само од Македонија, туку и од другите земји, е зголемен. Со цел да го одржиме растот на бројот на патници откако почнавме да ги менаџираме македонските аердроми, „ТАВ Македонија“ и „ТАВ аеродроми“, продолжуваат со промотивните и маркетинг активностите – вели Крстевски.

Делот со бројот на летови, односно движења на воздухоплови, исто така покажа подобрување, не само во претходниот месец туку и во првата половина од 2014.  Во јуни 2013 имало 1.176 полетувања и слетувања, а во јуни годинава, 1.342, што е пораст за 14 проценти. Во првите шест месеци од 2013, пак, имало 5.740 движења, а во периодот од јануари до јуни годинава тој број е 6.331, што е подобрување за 10 процентни поени.

Овие најнови податоци не укажуваат само на статистичкото зголемување на бројот на патници на двата аеродрома менаџирани од „ТАВ Македонија“ туку служат и како потврда за довербата што тие ја имаат во услугите што компанијата ги нуди. Со самото користење на аеродромите тие даваат лична потврда на наградата „најдобар аеродром во Европа“. Скопскиот „Александар Велики“ го освои ова признание во категоријата на аеродроми под два милиони патници кое што го доделува Меѓународниот совет на аеродроми, глобалната платформа на оператори  ТАВ аеродроми. Имајќи предвид дека компанијата ја освои оваа награда двапати по ред и земајќи го во вид растот на бројот на патници во првата половина од 2014 година, „ТАВ Македонија“ ќе продолжи да работи напорно за да ја задржи лидерската позиција и постојано да го подобрува нивото на услугите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top