| четврток, 6 декември 2018 |

Димитровски засилување за Керкира

Поранешниот капитен на македонската репрезентација за играчи до 21 година, Владимир Димитровски, го засили грчкиот прволигаш Керкира.

Димитровски доаѓа во грчкиот прволигаш од Крф од редовите на Вардар, кој му е матичен клуб, а има и солидно интернационално искуство. Стоперот настапуваше во белсгискиот клуб Вестерло, беше дел од младинската Академија на ПСВ Ајндховен, а две сезони беше стандарден во чешкиот прволигаш Млада Болеслав.

Димитровски има 26 години, а следната сезона ќе го носи дресот на Керкира во натпреварите од Првата лига на Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top