| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Џејсон Бигс се пошегува со жртвите во авионската несреќа

Американскиот актер Џејсон Бигс на својот профил на „Твитер“ напиша статус кој ги разлути бројните обожаватели.

– Сака ли некој да ги купи моите наградни милји од „Малезијан ерлајнс“, напиша славниот актер, па потоа следеа низа бесни коментари од обожавателите.

Неговите фанови го нападнаа поради бесчувствителност и го обвинија дека на лош начин бара внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top