| четврток, 6 декември 2018 |

„Троика Студио“ и „Галерија 8“ го почнаа проектот – Аудио книга од домашни и светски автори

Троика Студио и издавачот Галерија 8 го почнуваат проектот – Аудио книга од домашни и светски автори, наменети за широката популација, за сите кои немаат време да седнат и да ги прочитаат своите омилени автори, но ќе имаат посебна намена за слепите и слабовидни лица.

Проектот започнува со делото на младата македонска авторка Ксенија Николова – идиотски приказни, која неодамна ја имаше својата промоција во Галерија 8 и Матица Македонска. За изработка на оваа аудио книга, актерската изведба ја направија актерите Гордана Ендровска и Анастас Тановски.

Издавачите велат: „Создаваме еден импозантен аудио фонд на книги кој има за цел не само да ги задоволи основните и неопходни наслови, туку да биде во тек со светските и домашни наслови и автори. Целта е светски текови и трендови на пишаниот збор да бидат достапни веднаш по објавувањето (преведувањето на македонски) на истите на обично, визуелно писмо.

Идејата за изработка на еден ваков проект е да се овозможи поголема пристапност и еднакви права за сите за што поголема вклученсот на слепите и слабовидни лица во сите сфери на живеењето, особено затоа што целта на овој проект е да се опфатат актуелните афтори и дела (покрај неопходните во образованието) како една културна, образовна и информативна потреба која треба да биде долгорочна,постојана и континуирана.

Но, аудио книгата нема да ја имаат само целната група само слепите и слабовидни лица. Не само секој во ова модерно и брзо темпо на живот може да најде време за читање. Па така, по терк на светските искуства, овие дела ќе можат да се слушаат во автомобили, при рекреација или едноставно додека одмарате и работите во својот дом“ – велат од Троика студио и Галерија 8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top