| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена е црната кутија на урнатиот малезиски авион

ap_ukraine_plane_crash_pointing_jc_140717_16x9_992

Малезискиот патничи авион, кој леташе на линијата Амстердам – Куала Лумпур, се урна во четвртокот во Источна Украина, на 60 километри од границата со Русија. Никој од патниците и членовите на екипажот не преживеа, а проруските сепаратисти изјавија дека ја пронашле и втората црна кутија, јави „Ројтерс“.

Во несреќата загинаа 298 лица.

Причината за падот на авионот не беше веднаш позната. Украина ги обвини проруските сепаратисти кои го контролираат подрачјето на кое падна авионот, но тие веднаш негираа.

Американските власти изјавија дека авионот бил соборен од ракетата земја-воздух, но сѐ уште се работи на тоа да се открие од чија страна дошла ракетата.

Меѓу 298-те патници во авионот, 154 биле Холанѓани, 27 Австралијци, 23 Малезијци, 11 Индонезијци, шест Британци, тројца Филипинци и еден Канаѓанин. Националноста на останатите 47 патници е непозната.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека четвртокот е „црн ден за Холандија“, а падот на малезискиот авион е најголема авионска несреќа во историјата на Холандија.

На сите владини згради во Холандија знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top