Еден од лидерите на проруските бунтовнци во Донбас потврдил декла тие стојат зад нападот после кој е срушен малезискиот авион. Игор Стрелков- тоа му е воено име, додека вистинксиот идентитет му е Игор Гиркен изјавил: „Ве предупредивме да не летате по нашето нево“, стои на вебстраницата која ја користат сепаратистите, но изјавата брзо после тоа е отстранета.
Стрелков, оценуваат западните медиуми, мислел дека е срушен уште еден украински транспортен воен авион.
Кога сфатил дека станува збор за патнички авион, веднаш побарал изјавата да се тргне.
Тој е инаку „министер за одбрана “ на сепаратистичката, непризнаена Доњецка народна република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.