Од компанијата „Мајкрософт“ објавија дека во текот на следната година ќе укинат 18 илјади работни места, односно 14 отсто од вкупно вработените, во склоп на процесот на интегрирањето со одделението на „Нокиа“ за мобилни телефони.
Најавено е дека отпуштањето на работниците ќе се случи во оние делови на компанијата каде што има преклопување на работните обврски, како и во одделението за маркетинг и за инженерство.
Американскиот софтверски гигант одделението на „Нокиа“ го купи во април, а веќе од минатата година го намали бројот на вработените од 127 на 99 илјади.
Ова е најголемо отпуштање на работниците во историјата на фирмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.