Неколку минути пред падот на малезискиот патнички авион во Украина, во близина на леталото се забележани борбени авиони на украинската авијација, пишува на својот профил на „Твитер“ шпански контролор на летови кој себеси се претставува со името Карлос.
Борбените авиони прелетале покрај „боингот 777“ три минути пред да исчезне од радарите.
– Кога „боингот“ едноставно исчезна, киевските власти нам веднаш ни јавија дека паднал. Како можеле толку брзо да знаат? – прашува Карлос на својот профил.
И Русија ја обвинува Украина за несреќата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите на руската противавионска одбрана не работела на 17 јули во близина на украинската граница. Исто така, немало летови на борбени авиони.
Министерството, исто така, располагало со информации дека во областа Доњецк имало поставени 27 лансерни ракети од типот „бук м1“ со кои е вооружена украинската армија. Тој вид противтенковски ракети можат да погодат цел на висина од триесет километри и повеќе.
Од друга страна, Украина објави аудио снимка од наводно пресретнат разговор меѓу бунтовници и руски разузнавачи во кој признаваат дека тие го урнале авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.