| четврток, 6 декември 2018 |

Именувани четворица нови еврокомесари

EU CommissionЕвропскиот совет денеска именува четворица нови членови на Европската комисија, кои ќе ја извршуваат функцијата до истекот на мандатот на актуелната Комисија на 31 октомври 2014 година.

Нови еврокомесари се: поранешниот премиер на Финска, Јурки Катајнен, поранешниот амбасадор на Италија во Европската унија, Фердинандо Нели Ферочи, Мартин Рајшертс од Луксембург и Полјакот Јацек Доминик.

Катајнен ќе го замени Оли Рен и ќе биде одговорен за економските прашања, Ферочи ја презема функцијата од Антонио Тајани и ќе биде еврокомесар за индустрија и предприемништво. Рајшертс доаѓа на местото на Вивиан Рединг како комесар за правда, а Доминик ќе го смени Јануш Левандовскии ќе биде одговорен за буџетот и финансискот планирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top