Aпелацискиот суд ја потврди пресудата на скопска единица од три години казна затвор за расчинетиот владика Јован Вранишковски и условните казни за неговите следбеници, меѓу кои и неговата мајка и сестра.
Второстепениот суд ја одби жалбата на Вранишковски како неоснована и го прогласи за виновен за перење пари. Според тоа, од неговото здружение во село Нижополе, Битолско го конфискува имотот во износoт на штетата, а во корист на оштетената Македонска православна црква.
Обвинетите во „Расколников“ се товарат за перење пари, а според обвинението, тие се обиделе да ги пуштат во промет парите кои Вранишкоски ги проневерил од МПЦ.
Одлуката на скопска апелација е клучна за идни преговори меѓу српската и македонската православна црква, особено по условот од СПЦ дека цена на дијалогот е слободатата на Јован Вранишковски. Дури и Синодот на МПЦ на една од своите седници го разгледуваше прашањето за помилување на расчинетиот владика заради обновување на разговорите со СПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



