За само неколку дена овој пијалак ќе ви помогне да го исчистите телото од отрови и да го намалите целулитот.
Треба да бидете упорни и наместо појадок неколку дена по ред да го подготвите „чудотворниот“ напиток со следниве состојки:
– половина банана
– десетина листови спанаќ
– половина портокал
– неколку тркалца ананас
– малку цимет
Сето тоа во блендер – и чудотворниот напиток е готов!
Спанаќот е извор на железо и влакна, помага во исфрлањето на штетните материи од организмот. Бананата има калиум, витамин Ц, Б6 и диететски влакна, помага при исфрлањето на течноста. Портокалот е богат со вода, витамин Ц и антиоксиданси. Ананасот има диуретски својства, а циметот ја регулира циркулацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


