| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Џони Винтер

Легендарниот блуз музичар и продуцент Џони Винтер почина на 70-годишна возраст.

Во својата кариера Винтер свирел со Џими Хендрикс и Мади Вотерс, а беше и добар пријател со Џон Ленон, кој е во негова чест ја напиша „Rock and Roll People”. Мик Џегер и Кит Ричардс за него ја напишаа „Silver Train“.

Неговата агентка Карла Париси потврди дека оваа среда, Винтер починал во хотелска соба во Цирих, Швајцарија. Тој беше на турнеја, а последниот настап му беше на фестивал во Визен, Австрија.

Винтер со години имаше здравствени проблеми поради дрога и алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top