Играчот на Монако и најдобриот стрелец на последното Светско првенство во Бразил со шест погодоци, Колумбиецот Џејмс Родригез, според пишувањето на шпанскиот весник АС, веќе ги договорил личните услови за кои би преминал во Реал Мадрид.
Родригез треба да потпише шестгодишен договор со годишна заработувачка од 7,5 милиони евра.
Во наредните неколку дена се очекува да биде и официјализиран трансферот откако Реал Мадрид и Монако ќе ја договорат сумата за трасферот.
Сумата која ја бара Монако изнесува 85 милиони евра, но Реал нуди 70 вклучувајќи и некои од своите играчи во трасферот.
Реал го нуди левиот бек Коентрао, но Монако го бара дефазивецот Пепе, а тренерот на Реал, Карло Анчелоти, никако не се согласува да го изгуби столбот во одбраната.
Џејмс Родригез пристигна во Монако минатата година од Порто за сума до 45 милиони евра.
Во мегатрасферот може да биде вклучен младиот Бразилец Кашемиро, кој не може да се избори во првиот тим на кралскиот клуб.
Во Мадрид веќе пристигна Тони Крос, кој во текот на денешниот ден треба да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)


