
Македонскиот рапер Тајзи, на 31 јули во Охрид, на плажата Градиште со почеток во 21 часот ќе одржи концерт. Тајзи ќе настапи заедно со својот бенд, а неговите фанови ќе имаат можност да уживаат во хитовите „Љубов“, „Регетон“, „Пишано е“, „Живеам за себе“, „Дома си е дома“.
Драган Величковски –Тајзи, инаку е и добитник на две престижни награди на МАРС 2013, „Ѕвезда што се раѓа” и Награда од публиката за најслушана песна „Регетон“ која е дел од неговиот албум “Нешто поинакво”
Картите се пуштени во претпродажба по промотивна цена од 200 денари 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


