| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија скокна шест места на ФИФА листата

На најновата ФИФА ранг листа, која беше објавена денеска, македонската фудбалска репрезентација забележа скок од шест позиции, сега се наоѓа на 74. место.

Од противниците во квалификациската група за ЕП 2016 најдобро рангирана е Шпанија, но „црвената фурија“ веќе не е лидер, туку е осма по слабото издание на Мундијалот во Бразил.

Украина е 22., Словачка е на 46. позиција, Белорусија е на 81. место, а најслабо рангиран е Луксембург – 108. место.

Новиот светски шампион Германија се искачи на врвот на оваа листа пред финалистот на СП Аргентина и Холандија (скок од 12 позиции) која шампионатот во Бразил го заврши како трета.

Во Топ 10 уште се наоѓаат (од 4 до 10 место): Колумбија, Белгија (скок од шест места) Уругвај, Бразил, Шпанија (пад седум позиции), Швајцарија и Франција (скок седум позиции).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top