| четврток, 6 декември 2018 |

Кој најмногу сака да е гол на плажа?

Некои уживаат да гледаат разголени тела, други, пак, уживаат повеќе кога тие се голи. Во последното истражување за навиките на туристите на „Експедија“ беа вклучени 12.000 туристи од 24 земји и пет континенти. Темата беше однесување и параметри за време на патувањето, и покажа дека Европејците се оние кои најмногу сакаат да бидат голи на одмор.

Речиси една третина од австриските туристи признаа дека сакаат да се сончаат целосно голи, а исто толкав процент има и кај нивните соседи Германците.

За разлика од жените од другите делови на светот, Европејките уживаат да се сончаат топлес. На врвот на листата се жените од Австрија со 49 проценти.

Шпанките се на второто место со 42 отсто, а на третото место, повторно е Германија, со 39 отсто жени кои сакаат да бидат  топлес на плажа.

Голотијата на одмор не е пријатна за Британците и Американците. Само 12, односно 13 отсто од нив би се соблекле на плажа.

Во светски рамки, мажите се тие што повеќе сакаат да се соблекуваат потполно на плажа (18 проценти), отколку жените (шест проценти).

Истражувањето покажа дека најскромни се туристите од Азија. Само два проценти од Јапонците, три проценти од туристи од Јужна Кореја и четири проценти од Тајланѓаните се подготвени да се сончаат голи на одмор. Но, затоа, Јапонците признаа дека  би им било пријатно да гледаат топлес туристки.

Шпанците обожаваат да гледаат голотија на плажа, а тоа го признаа 74 проценти од испитаниците. Бразилците признаа дека сакаат минијатурни костими за капење.

Меѓу другото, студијата потврди дека плажата е сѐ уште е најпопуларна туристичка дестинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top