| четврток, 6 декември 2018 |

Според „Форбс“, Карлос Слим повторно е најбогат

slim

Карлос Слим повторно е најбогат човек во светот, делумно благодарение на наглото поскапување на цената на акциите на неговиот телеком „Америка мовил“ во САД  и во Мексико, објави  „Форбс“.

Според листата на „Форбс“, Слим го потисна Бил Гејтс, кој  ја предводеше листата од мај  лани.

Размената на позициите се случила во вторник кога вредноста на телефонската компанија „Америка мовил“ се зголемила за еден отсто или за околу 806 милиони долари зголемувајќи ја нето-вредноста на Слим на 79,6 милијарди долари, додека, пак, нето-вредноста на Гејтс се проценува на 79,1 милијарди долари.

Цената на акциите на „Америка мовил“ расте откако компанијата најави планови за продажба на дел од своите средства за да се усогласи со новите антимонополски закони во Мексико. Во овој период акциите на компанијата поскапеа за 10 отсто.

Слим планира и понатаму да го прошири своето присуство и во Европа и во Латинска Америка. Неговата компанија „Америка мовил“ пред два дена докупи  23,47 отсто од акциите во „Телеком Австрија“ со што стана сопствени на 50,8 отсто од австрискиот телеком.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top